За м-р Иван Медарски
Адвокат м-р Иван Медарски во 2019 година, по одбрана на димпломскиот труд со наслов „Видови тестаменти и услови за нивна полноважност”, го завршува првиот циклус на студии за граѓанско право и се стекнува со титула дипломиран правник (Bachelor in law), а 2020 година, по одбрана на магистарскиот труд со наслов “Штета и надомест на штета во македонското право, со посебен осврт кон штета и надомест на штета причинета од кривично дело”, го завршува вториот циклус на студии за граѓанско право и се стекнува со титула магистер на правни науки ( Master of science). Во 2023 година го положува правосудниот испит, а истата година го положува и адвокатскиот испит, по што се стекнува со адвокатска лиценца бр.4878. Уште пред дипломирањето, од 2018 година па се до 2023 година работи во адвокатската канцеларија на адвокат м-р Панче Едровски во Кочани. Покрај формалното образование, има над 30 завршени обуки, курсеви и академии од областа на правото.
Услуги
- Застапување на физички и правни лица во прекршочни постапки пред државни органи или суд.
- Застапување на физички и правни лица во кривични постапки уште во најраната фаза на постапката пред Министерство за внатрешни работи, во фаза на истрага пред Основно јавно обвинителство, во судска постапка пред Основен суд, во жалбена постапка пред Апелационен суд и во жалбена или вонредна постапки пред Врховен суд.
- Поднесување жалба-апликација и водење на постапка пред Европскиот суд за човекови права доколку Ви се повредени права загарантирани со Европската конвенција за човекови права.
- Застапување на физички и правни лица во парнични и вонпарнични постапки пред Основен, Апелационен и Врховен суд (семејни спорови, имотни спорови, трговски спорови, работни спорови, спорови по основ на долг и др.)
- Застапување на физички и правни лица во постапки пред нотар (нотарски платен налог, оставинска постапка, тестамент и др.)
- Застапување на физички и правни лица во постапки пред извршител.
- Застапување на физички и правни лица во постапки за алтернативно решавање на спорови (медијација и арбитража).
- Составување на секаков вид на договори, преддоговори, изјави и друг вид правни акти од областа на граѓанското право.
- Застапување на физички и правни лица во општа управна постапка пред министерства, општини, државни и општински институции и органи.
- Застапување на физички и правни лица во управни спорови пред Управен суд и Виш Управен суд.
- Основање на правно лице (ТП-трговец поединец, ДОО/ДООЕЛ-друштвото со ограничена одговорност, АД-акционерското друштво, ЈТД-јавното трговско друштво, ЗГ-здружение на граѓани).
- Промени во правното лице (назив, скратен назив, зголемување, намалување и промена на основна главнина, основач/сопственик, седиште, времетраење, предмет на работење, подружница, прокурист, надзорен орган, контакт информации, одобренија, потврди, лиценци и др., овластено лице/орган на управување, акт за основање, и друг вид промени).
- Бришење и ликвидација на правно лице.
- Регистрација и промена на работно време, број на вработени и регистрација на вистински сопственици на правно лице.
- Резервација на назив на правно лице.
- Регистрација на странски и резидентни директни инвестиции.
- Добивње на секој вид акти и документи од централниот регистар.
Контакт
За повеќе информации, стапи во контакт со м-р Иван Медарски.
- +389 77 603-532
- i_medarski@yahoo.com
- Кочани, ул. Никола Карев бр. 2-Б